Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикалците бараат објаснување од Неделков зошто е донесена одлуката штрајкот да се стави во мирување

/

пред 1620 дена

Сподели преку :

Синдикалци дојдоа пред седиштето на СОНК, по одлуката штрајкот во училиштата да се стави во мирување.

Бараат од претседателот на синдикатот, Јаким Неделков да им објасни зошто ја сменил одлуката, иако мнозинството од синдикалците биле за тоа штрајкот да продолжи.

Одлуката на синдикатот за образование да го стави штрајкот во училиштата во мирување ги раскара синдикалците. откако беше објавено дека ќе се бара мирно решавање на спорот, незадоволни синдикалци протестираа пред седиштето на СОНК.

Тврдат дека за одлуката на Неделков дознале од медиумите и дека главното барање им е потпишување нов колективен договор, а не околу процентите колку ќе им се зголемат платите.