Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикатите утре излегуваат на протест за зголемување на платите

/

пред 250 дена

Сподели преку :

Синдикати од образованието, културата, индустријата, трговијата, полицијата утре, 28 јануари, од 17 часот се приклучуваат на протестот на Сојузот на синдикатите, чие зборно место е токму пред зградата на ССМ.

-28 јануари е денот кога зборуваат работниците! Овој протест не е за ‘ако имаш време’, па ќе дојдеш, не е ниту за ‘чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 часот., ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе завршат работа’. Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно со тебе, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Од ССМ бараат 600 евра минимална плата за секој работник и плус 100 евра линеарно покачување на сите останати плати.

ССМ го загуби трпението – протест на 28 јануари