Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Систематизацијата со години наназад параван на менаџерите за да не ги признаат сестрите со високо образование

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Систематизацијата со години наназад била и останува параван на менаџерите за да не ги признаат сестрите со високо образование. Тоа е тој парадокс на непризнавање на образованието, вели  Бешлиоска. Според неа е потребно планирана систематизација на број на сестри според стандарди меѓу кои е се и според број на лекари и број на пациенти.

Секој конкурс, во овој случај конкурсот во тетовската Клиничка болница загатнува прашања врзани за тоа кој има право да конкурира и во која мера дискреционото право на директорот во одредени ситуации да го елиминира најдобриот се одразува на квалитетот на здравствениот систем. Дополнителен проблем е самата систематизација која ги планира медицинските сестри според број и квалификација. Доколку во истата систематизација тие не постојат, вие не можете преку конкурс да ги барате, вели Бешлиовска.

„Минатата година, кога тогашната гарнитура пред изборите најави вработување на сите сестри со договор на дело, се соочивме со парадокс дека законски не можете да распиште конкурс за сестри кои не ви се планирани во систематизација. И излезе дека имало сестри ангажирани со договор на дело, а за нив немало предвидени места во систематизацијата“ вели  м-р Гордана Бешлиовска, Унија на „ЗМСТАС ЗА НАС“.

„Систематизацијата со години наназад била параван на менаџерите за да не ги признаат сестрите со високо образование. Единственото оправдание е не сте предвидени во систематизацијата. Тоа е тој парадокс на непризнавање на образованието“ додава Бешлиовска.

До кога ние медицинските сестри ќе конкурираме на општи конкурси на кои не постои критериум за специјалност, во овој случај стручни области, вели Бешлиовска.  Згора на се немаме можност, ниту да имаме увид за каква систематизација се работи која јасно би сигнализирала за фактичката состојба на таа болница.

„Систематизациите се прават внатре во болниците во градењето на тие систематизации, што е многу голем проблем. На нас медицинските сестри тоа и ни недостасува, таму каде што се носат политиките и организациите не сме таму, а се работи за нас. Медицинските сестри секогаш ги решавале други профили и други кадри: стоматолози, правници итн. И до сега требаше да бидеме повикани по основ на сето ова. Пред се заради стратешките програми и столбови кои ги најави министерот“ изјави м-р Гордана Бешлиовска, Унија на „ЗМСТАС ЗА НАС“.

Во меѓувреме тие веќе цела недела чекаат да бидат повикани на средба со министерот Алиу, за како што вели Бешлиовска да го потсетат дека многу пати се заборава дека токму медицинските сестри се имуниот систем на еден здравствен систем.

Нина Стефанова