Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сите се борат против корупцијата, но ништо не се менува – ЕУ очекува обвиненија и пресуди

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Неколку влади и политичарите постојано истакнуваат дека ќе се борат против корупцијата и дека ќе ја вратат довербата кај граѓаните, меѓутоа, многу малку, ако не и ништо не се менува. Ваква порака на Денот на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, испрати заменик шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Наупнау, но и што очекува да преземат македонските власти, а тоа е пред се доволно буџетски средства за самостојност на правосудството и зајакнување и обвинителството.

  • „Граѓаните и партнерите очекуваат донесување на нови закони за Судски совет и Кривичен законик со согласност со препораките. Се очекуваат да се подигнат обвиненија и да се донесат пресуди за висока корупција, како и да има замрзнување на приходите исто така се очекува да се види дека ќе има самостојност во правосудството и дека политичките актери ќе се воздржат од вмешување во правосудството и релевантните надзорни институции“, вели  Наупнау.

Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман посочи и покрај одредениот напредок кој е постигнат, корупцијата останува врвен проблем за граѓаните како и главна пречка за пристап до квалитетни и јавни услуги, евроинтеграција и општ развој на државата.

  • „Борбата против корупцијата, како и третирањето на неказнивоста, бара долгорочна политичка заложба и силно водство и политичка храброст, да може да се надминат пречките“, рече Улман.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши истакна дека ќе ја поддржи секоја иницијатива за подобрување на легислативата со цел спречување на корупцијата.

А јавноста за државниот ревизор Максим Ацевски е нивниот најголемиот сојузник во спроведувањето на препораките, при што во 25 години постоење на институцијата во Собранието е разгледан еден нивен извештај.

Љупчо Пренџов, копретседавач на Меѓупартиската парламентарна група за борба против корупција порача дека борбата била декларативна, а на дело имало малку резултати, а најголема критика упати кон обвинителството.

За борбата против корупцијата не може да биде одговорност на една институција или поединец, порача  претседателот на Здружението на јавни обвинители, Елвин Вели. Државната комисија за спречување на корупцијата беше организатор на одбележувањето во Собранието.

  • „Меѓународниот ден за борба против корупција не потсетува на сериозните последици што корупцијата ги носи за општествата ширум светот. Воедно, тој претставува и повик за зајакнување на нашите заеднички напори и посветеност во спречување на нејзиното разорно и подмолно влијание, “ изјави Татјана Димитровска претседател на ДКСК.

Димитровска порача дека националната стратегија за спречување на корупцијата е клучен документ за меѓуинституционалната соработка.

Марија Митевска