Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Сите за Палестина“ го поправиле името на игралиштето во Аеродром кое беше реновирано од страна на Израелската амбасада

/

пред 306 дена

Сподели преку :

Активистите од „Сите за Палестина“ објавија дека го „поправиле игралиштето на пропагандата“, поставувајќи нови натписи на македонски, албански и англиски со името „игралиште ‘Газа’“.

Тие реагираат на детското игралиште во Аеродром, кое пред околу еден месец беше реновирано со средства од Израелската амбасада и свечено отворено од министерот Тимчо Муцунски, амбасадорката Вивиен Ајзен и градоначалникот Дејан Митески.


Во својата објава активистите тврдат дека проектот бил искористен за „јакнење на израелската воена пропаганда“, наведувајќи дека во Газа се уништени илјадници животи, а децата живеат во глад, страв и инвалидитет.

Нагласуваат дека имаат должност да се спротивставуваат на секоја дехуманизација и да потсетуваат дека секое оправдување на насилството е удар врз човечкото достоинство. Според нив, изменетите табли ја пренесуваат „вистината“ за она што се случува во Газа.

T.Д.

Извор на фотографија: Социјални мрежи