Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

/

пред 885 дена

Сподели преку :

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна откако илјада полицајци од Франција пристигнаа на  француската прекуморска територија, соопштија денеска француските власти.

Сепак, демонстрантите продолжуваат да ги блокираат патиштата, а аеродромот останува затворен по една недела немири.

Групата што ги организира протестите – CCAT – денеска најави дека блокадите ќе продолжат, повикувајќи ги демонстрантите на мирен протест.

 

Блокадите на патиштата го отежнуваат снабдувањето со храна и пристигнувањето на време на итната медицинска помош изјавија официјални лица од Нова Каледонија.

На островот има и заглавени туристи , а Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјавил дека Австралија побарала од француските власти одобрение да испратат авион за евакуација на австралиските туристи.