Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сивата економија останува предизвик за е-трговијата

/

пред 1423 дена

Сподели преку :

Македонците се дотеруваат на Интернет. Често пазарат преку социјалните мрежи. Не трошат многу, но барем еднаш во месец ипол купуваат парче облека.

Лимитот е околу 50 евра, па затоа нај-малку има интернет-нарачки на мебел. Македонските купувачи, внимателни се и околу храната. Не веруваат дека со купување преку интеренет, ќе го добијат истиот квалитетен производ којшто го нарачале.

Ваквото пазарење е светски тренд, но проблем е што во Македонија тоа останува во рамките на сивата економија.

Фискални сметки нема, но нема ниту соодветна контрола. Институциите се бранат дека немаат доволно капацитет за тоа да го следат и регулираат.

Иако многумина купуваат на интернет, сепак Македонија е само точка на глобалниот пазар.

Мала по број на жители, позиционирана е на дното на е-трговија листата.

Освен со зголемена понуда, граѓаните се соочуваат и со интернет измами. Едно нарачуваат, друго добиваат или добиваат оштетени производи.

На социјалните мрежи каде што купуваат, таму и се жалат дека биле жртви на измама. Парите ги потрошиле, а не го добиле посакуваниот производ.

Тамара Марковска