Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скок на нови случаи на КОВИД-19 во Грција: вчера се регистрирани 8083 новозаразени

/

пред 1572 дена

Сподели преку :

Грчките здравствени власти најавија скок на нови случаи на инфекција со коронавирус во земјата, кои вчера достигнаа 8.083, објави Катимерини.

Во истиот период пријавени се 12 смртни случаи, а 109 пациенти биле на респиратор.

Изданието забележува дека бројот на новозаразени и починати бележи значително зголемување во споредба со неделата – претходниот 24-часовен период за кој беа објавени податоци. Тогаш имало 3682 нови случаи и 8 жртви.

Од почетокот на пандемијата во Грција, потврдени се 3.508.610 случаи на КОВИД-19 и 30.033 смртни случаи, од кои 95,6 отсто се кај лица со сериозни коморбидитети и/или постари од 70 години.