Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје со полни контејнери, директорката на „Комунална хигиена“ вперува прст кон мала група на вработени, синдикалниот лидер вели добил отказ

/

пред 1199 дена

Сподели преку :

Контејнерите во Скопје викендов останаа неисчистени. Ветрот дополнително ја рашири миризбата од нив, за што реагираа и граѓаните. Според информациите, вработените уште во петокот на полноќ се одлучиле на штрајк, затоа што бараат подобри услови за работа и повисока плата. Во јавноста се појави и снимка на која директорката Косана Мазнева им се заканува на вработените кои одлучиле да штрајкуваат.

Денеска таа на прес конференција обвини дека блокадата ја направиле мала група вработени кои ги нарече група од подземјето, кои работеле со години трета смена, која повеќе се плаќа и не дозволувале да има ротации. Дополнително, рече дека си правеле приватни бизниси од фирмата, богатејќи се на сметка на претпријатието. Побара да делуваат институциите. Истовремено вети и дека ќе одговори на барањата за зголемување на платата, согласно минималната. Кажа дека од март платата на вработените е зголемена за 864 денари, а договорите за работа се прекинати само со оние лица кои не работеле ништо.

Еден од оние кои добиле отказ е Дали Дардишта од синдикатот на Комунална Хигиена. Телма успеа да стапи во контакт со него. Во телефонска изјава рече дека вработените барале повисока плата и бенфициран стаж. Неколкупати се обидувале да разговараат со директорката за проблемите со кои се соочуваат, но таа не ги примала на разговор девет месеци.