Претседателот на САД, Доналд Трамп со остри критики кон актуелната американска политика кон војната во Украина, истакнувајќи дека Володимир Зеленски, кого го нарекува „скромно успешен комичар“, успеал да ги убеди САД да потрошат 350 милијарди долари на конфликт кој „не можел да се добие и кој никогаш не мораше да почне“.
Тврди дека САД вложиле дури 200 милијарди долари повеќе од Европа, додека Европа има гаранции за своите пари, а САД нема да добијат ништо за возврат.
Исто така, поставува прашање зошто претседателот Џо Бајден не барал порамномерна распределба на трошоците со оглед дека таа војна, според негови зборови, „е многу поважна за Европа отколку за САД“ кои имаат „голем, преубав океан на раздвојување“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.











