Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи

/

пред 366 дена

Сподели преку :

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија.

– Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. #СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра за граѓаните и компаниите, напиша денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески на платформата „Х“.

На 6 март годинава Европскиот совет за плаќања ја прифати апликацијата на нашата земја, со што станавме членка на СЕПА, со што им се овозможува  приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 40 земји членки.

к.к.