Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Слобода за двајца осуденици од „Монструм“ доколку биде изгласан законот за амнестија

/

пред 1102 дена

Сподели преку :

Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, ќе бидат ослободени ако Собранието го усвои новиот закон за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога.

Браќата Азири се осудени на 9, односно на 15 години затвор за помагање во убиството на пет лица кај Смилковското Езеро. Пресметките покажуваат дека ако се донесе законот како што е предложен од зад решетки ќе излезе и бизнисменот Сеад Кочан.

Откако Предлог законот за амнестија помина на Владина седница, министерот за правда Кренар Лога најави дека ќе го достави до Собранието. И Лога и премиерот Димитар Ковачевски уверуваат дека со овој закон нема аменстија за тешки кривични дела, дека на слобода ќе излезат само лица осудени за полесни кривични дела и дека ќе се ослободат места во пренатрупаните затвори.

Опозицијата најавува дека со амандмани ќе ја блокира најавената амнестија. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не сакаат да се ослободат криминалци на кои владејачките партии тоа им го ветиле во замена за услуга.