Словенечкиот парламент синоќа го одобри признавањето на независна палестинска држава, отфрлајќи го барањето на главната опозициска партија за референдум за ова прашањe.
Гласањето дојде откако словенечката Влада минатата недела одлучи да ги следи чекорите на Шпанија, Ирска и Норвешка во признавањето на Палестина како независна, суверена држава, како дел од напорите да се запре израелската офанзива во Појасот Газа.
Претставувајќи ја одлуката на Љубљана како „порака за мир“, премиерот Роберт Голоб кажа дека тоа е важен чекор и предуслов за преговори за решение со две држави.
Владејачката коалиција има мнозинство во парламентот од 90 места.
Документот за признавање на палестинската држава го одобрија 52 пратеници, со еден воздржан и без глас против, а претставниците на опозицијата ја напуштија седницата.
Израелското Министерство за надворешни работи минатата недела ја осуди одлуката на Словенија да ја признае независната палестинска држава.











