Снежна бура во западниот дел на Соединетите Американски Држави. Илјадници домаќинства во Калифорнија и Невада останаа без струја.
Покрај снежните наноси, во овие две сојузни држави се регистрирани обилни врнежи на дожд и ветер со брзина поголема од 160 километри на час. Пријавени се блокади во сообраќајот, а властите мораа да затворат и сегменти од некои пофреквентни автопатишта. Во серија сообраќајни несреќи има повредени лица.











