Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со 120 луксузни возила „дивееле“ на струшки паркинг, полицијата ги фати на дело

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Над  500 лица и околу 120  спортски и луксузни возила, ноќеска затекнала полицијата на паркинг во Струга по претходна пријава за науршен јавен ред и мир предизвикани од бучава. Одземени биле пет луксузни возила и издадени осум прекршочни платни налози, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во периодот од 00 часот и 30 минути до 2 часот, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила.

-Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегоа на местото и затекнаа повеќе од 500 лица и околу 120  спортски и луксузни возила со кои, наводно ќе изведувале авто изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле ангажирани дополнителни служби и состојбата била ставена под контрола. Притоа, биле одземени пет возила по член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а по констатирани други прекршоци од ЗБСП, издадени се осум прекршочни платни налози, изјави портпаролот Стефан Димоски.

По целосно расчистување и документирање на настанот, додаде, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.