Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со 224 поднесени амандмани стартува расправата за ребалансот на буџетот

/

пред 88 дена

Сподели преку :

Aмандманската расправа за ребалансот на Буџетот треба да почне денеска во Собранието. Пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ.

Согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница.

Во рамки на тридневниот општ претрес, пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите – според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, додека според СДСМ, проекциите се нереални, несериозни и тешко остварливи, базирани на преоптимистички очекувања.

Буџетот развоен и реален за власта, преоптимистички и со погрешни проекции за опозицијата