Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија со 5-0 го победи Лихтенштајн

/

пред 393 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со убедливи 5-0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026.

Серијата голови ја отвори Ељиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел.

На почетокот на вториот дел нашиот тим зголеми на 2-0, а стрелец беше капитенот Енис Барди. На 3-0 зголеми Дарко Чурлинов, а четвртиот гол го постигна Лирим Ќамили во 86.минута. Конечните 5-0 ги постави Лука Станковски во 90.минута.

Нашите репрезентативци се на  првата позиција со 11 бодови од 5 натпревари.