Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со беспилотни летала нападната електроцентралата во Севастопол

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Електроцентралата на кримскиот град севастопол мета на дронови камикази.

Сепак оштетувањата не биле сериозни и не бил прекинат процесот на производство на електрична енергија изјави прорускиот гувернер на градот Михаил Развозаев.

Тој соопшти дека беспилотното летало удрило во трансформатор, по што настанал пожар но дека штетите биле брзо санирани.

Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, се соочи со поголем број напади со беспилотни летала и експлозии од поддржувачите на Украина, а како најголем неуспех за Русија се смета нападот од 8ми октомври врз стратешкиот мост долг 19 километри што го поврзува полуостровот со копното на Русија.