Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ристовски за прославата на Вардар со навредливи и вулгарни песни: Ова не е прв случај, ова се провлекува со години, сите имаме одговорност, треба работа и разговори ако сакаме да има подобрување

/

пред 141 дена

Сподели преку :

Ова не е прв случај, ова не е изолиран случај, рече Борко Ристовски, министер за спорт и млади, во денешната дебата во „Директно“ на ТВ Телма за недоличните, навредливи и вулгарни песни при прославата на шампионската титула на фудбалерите на Вардар.

„Треба сите да реагираме, и како општество и како институции, сите ние кои сме директно или индиректно инволвирани. На крајот на денот, сите имаме одговорност, одговорност кон општеството, кон младите. Сите на некој начин сме пример како треба да се градиме и изгледа едно здраво општество, ако сакаме да има подобрување. Треба да се работи, да се разговара и најважно од се, да има желба за подобрување на состојбите во нашето општество, генерално, и состојбите во спортот кои, да речам, се провлекуваат со години“, смета Ристовски.

Според него, сите навивачки групи носат некакви несогласувања, меѓутоа, како што нагласи, тоа никако не смее да избега од границите на нормалното, како станува збор за раководни лица на клубот, репрезентативците, играчите, стручниот штаб, итн.

С.Д.