Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

/

пред 88 дена

Сподели преку :

Вчера во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож беа повредени две лица, по добиена судска наредба извршија претреси на две локации кај Б.И. (38) од Тетово.

При тоа, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден е пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во куќата е пронајдена една рамка за пиштолот.

При претрес во објект во Тетово, сопственост на Б.И., пронајдени се два пиштоли за кои немал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари. Поради сомневање за сторени кривични дела, од слобода се лишени Ш.А. (62) и Е.А. (60), двајцата од Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.