Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со шок бомба предизвикан пожар во Капиштец

/

пред 806 дена

Сподели преку :

Во скопски Капиштец попладнево предизвикан пожар кој зафатил сува трева и грмушки откако претходно, за сега непознат сторител“ фрлил две шок бомби.

Очевидци за МКД.МК велат дека на почетокот се слушнало силен тресок од експлозија, а потоа и се кренал чад.

На терен излегле тим пожарникари кои успеале да го изгаснат пожарот за да не се прошири низ дрвјата, но и бројни објекти.

Граѓаните вознемирени раскажуваат за настанот. Тие велат дека се сомневаат оти звучните шок бомби, биле фрлени од млади лица кои избегале.

Тие се сомневаат дека можеби станува за истите групи тинејџери кои неодамна го кршеа инвентарот на парковите во Капиштец, при што беа уништени бројни справи за игра на мали деца, клупи, патеки, канти за ѓубре и слично.