Пет деца и еден возрасен утрово се извлечени од селото Рајчани, Коачноско, каде биле завеани во снегот. Нешто пред 10 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи беше пријавено дека 5 малолетници и еден возрасен поради обилните врнежи се заглавени во селото и не можат да се симнат во Кочани.
Центарот за управување со кризи ја извести Штипската полиција и локалната самоуправа на Кочани, по што денеска напладне со теренско возило на Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ сите се извлечени и безбедно однесени дома. Од таму апелираат граѓаните да ја следат временската прогноза и да бидат подготвени за зимски услови.
-Пуштивме тим со наше теренско возило, безбедно стигнавме до местото во селото. Ги извлековме луѓето, ги предадовме на тим на полициската станица кои пак, ги предадоа на нивните родители. Основно де да се почитуваат известувањата на метроролозите, да се почитуваат некои правила. А доколку дојде до некаков проблем да се бара бројот 112, вели Гоце Исајов, од Планинската спасувачка служба „Осогово“.
Иако снегот се најавуваше една недела, повторно снежната покривна утрово предизвика проблеми во сообраќајот. Како што известуваат од АМСМ попладнево на сила е забранате за движење на тешко товарни возила на повеќе планински превои.
Утрово беше подмрзнат и автопатот Пријателстов кај Миравци, поради што камионите беа пренасочувани преку стариот пат Удово Демир Капија. Од Македонија пат соопштија дека ја следат состојбата и работат со целокупната механизација, а ги повикаа возачите да бидат внимателни и да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови.
„Македонија пат со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта. Исто така на располагање се ставени и “трети лица”, компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта“, се наведува во соопштенеито од Македонија пат.
И железнички сообраќај се одвива без застој, но, како што информираат од ЈП Ифраструктура Железници, со минимално задоцнување на патничките возовите кои брзо се надминува. Додека товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои поради заснежени или замрзнати свртници.
Врнежите од снег ќе продолжат и во следните неколку дена, а поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Емилија Мисирлиевски











