Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со вас сме – В. Британија со поддршка за САД по воздушните напади во Ирак и во Сирија

/

пред 995 дена

Сподели преку :

Велика Британија денеска соопшти дека е непоколебливо со САД и изрази поддршка за Вашингтон по синоќешните воздушни напади на американската армија врз проирански цели во Ирак и во Сирија.

„Велика Британија и САД се доверливи сојузници. Не би ги коментирале нивните операции, но го поддржуваме нивното право да возвратат на нападите. Ние подолго време ги осудуваме дестабилизирачките активности на Иран ширум регионот, вклучително и давање на политичка, финансиска и воена подрршка на бројните милитантни групи“, се наведува во соопштението на портпаролот на британската влада, пренесува „Ројтерс“.

Американските напади се одговор на нападот со дрон во минатиот викенд врз воена база на САД во близина на границата на Јордан со Сирија во која загинаа тројца американски војници.