Само една пратеничка од владеачката ВМРО-ДПМНЕ во кус говор ја искара антикорупциската комисија за тоа како работела во 2024 година. Годишниот извештај, кој се најде пред собраниска комисија, бил дебел, ама не и содржаен.
Новиот претседател на комисијата Адем Чичуљ вети дека ќе работат подобро во иднина.
Истата антикорупциска комисија вчера отвори два предметa за нивната членка Цвета Ристовска за можен судир на интереси и криење имот. Јавноста дозна дека таа ниту ги пријавила фирмите на своите синови, а ниту, пак, пријавила дека една од фирмите земала пари во полiтички кампањи.
Ристовска ѝ е позната на јавноста од поодамна, како член на комисијата која го амнестираше директорот на АНБ, Бојан Христовски за неговата сомнителна диплома од универзитет на кој таа беше предавач. Овој состав на ДКСК, пак, беше во фокусот на јавноста и кога поранешната претседателка Татјана Димитровска си даде оставка, бидејќи е осомничена за фалсификат и оддавање службена тајна.
Билјана Николовска Тодорова











