Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието да биде дел од Берлинскиот процес за забрзување на преземените обврски

/

пред 787 дена

Сподели преку :

Берлинскиот процес за приближување на регионот кон ЕУ се мачи во делот заедничкиот регионален пазар, поконкретно, дигитализацијата и зелената агенда, бидејќи земјите од регионот и четири години по усвојување на акцискиот план во овие области во рамки на Процесот не покажале поголем прогрес. Ова го покажала анализата за нивото на имплементацијата, спроведена од Инситутот за демократија, која покажала дека најголемото достигнување е слободниот роаминг за земјите од Западниот Балкан.

Во регионот, дигиталнотот поврзување и инфраструктурата се завршени, но недостигаат дигиталните вештини кај луѓето, а регионот е слаб и во делот на сајбер-безбедноста кај јавната администрација. Македонија не отскокнува од регионалниот просек.

„Вештините во однос на сајбер-безбедноста и заштита на приватни податоци кај јавната администрација, сериозно недостигаат. Меѓутоа, напредокот е делумно сличен како кај сите земји во Западен Балка“, вели Анамарија Велиновска, истражувачка во Институт за демократија.

Ако акцискиот план за дигитализацијата завршува годинава, за зелената агенда земјите од регионот имаат уште пет години рок да го исполнат.

„Акцентот е ставен на законот за климатска акција што треба да биде донесен, односно веќе две години е во процес на носење. Рокот за донесување на овој закон е 2024 година. Тој треба да опфати неколку клучни регулативи, подзаконски акти коишто ќе ги опфатат овие намалување на емисии, остварување на целите кои сме ги поставиле до 2031 година, а тоа е 51 посто намалување на стакленичките гасови“, вели Велиновска.

Недостигот на волја кај владите, но и капацитетите на државите за имплементација се двете главни причини зошто не е постигнат доволен прогрес во овој сегмент од Берлинскиот процес.

„Билатерланите спорови, особено меѓу Србија и Косово, тука е делумно и Босна вклучена исто така, ги оневозможуваат овие заеднички придобивки да се постигнат, бидејќи мора да се носат на консензуално ниво, да бидат прифатени од сите за да функционираат за сите. Во делот на капацитетите секако дека имаме проблем на ниво на цел регион. Одливот на кадар од административните служби, од министерствата, институциите коишто треба тоа да го спроведат е голем и предизвик. Едно е да се потпишат документите и усвојата во Собрание, друго е да се разработат“, вели Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија.

Резултатите од истражувањето денеска беа претставени пред пратениците, во рамки на иницијативата, и тие преку своите надлежности да го забрзаат спроведувањето на преземените обврски од страна на владите во рамките на Берлинскиот процес, пред се со носењето на потребните закони и надзорната улога која ја имаат.

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ДУИ дадоа целосна поддршка на иницијативата – Собранието да биде вклучено во забрзување на процесот, но имаа и свои забелешки.

„Декарбонизацијата предвидува на „Осломеј“ и РЕК „Битола“ меѓутоа ние како држава, како парламент, па и како пратеници, треба да размислуваме и за таа енергетска сиромаштија, односно, преквалифукување на тие вработени“, изјави Никола Мицевски, координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Треба да работиме брзо, но да не ги прескокнуваме чекорите и сетоа она што е некаква локална специфика, да го земем предвид во однос на сите овие работи што ги договараме“, изјави Бобан Карапејовски, координаторот на пратеничка група на ЗНАМ.

 

„Во тој дел каде што истакнавте дека парламентот треба да еден коректор, нормално, од почетокот е гледа една тенденција парламентот да е во целосна служба на владата што мислиме дека тој пристап треба да се промени“, изјави Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група на Европски фронт.

Годинава се навршуваат 10 години од Берлинскиот процес, за што во октомври домаќин на процесот ќе биде токму Германија, каде во Бундестагот ќе се одржи и настан посветен на улогата на парламентите во Процесот.

Тамара Грнчароска