Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ќе ги утврдува оставките на Бислимовски и на Ристовска

/

пред 235 дена

Сподели преку :

Собранието денеска ќе ја одржи 85. седница на која се очекува да бидат констатирани оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Цвета Ристовска.

На седницата исто така се очекува да се најде и изборот на Гоце Наумовски, за нов уставен судија. По усвојувањето на точките од дневниот ред следат два часа за опозициски прашања до премиерот и министрите.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски својата оставка до Собранието ја достави на 12 февруари годинава барајќи од законодавниот дом да утврди престанок на функцијата, без да образложи зошто го бара тоа. Пред неколку недели Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава за Бислимоски сомничејќи го за злоупотреба на службената положба и овластување.  Членот на ДКСК пак Ристовска испрати допис до Собранието на 13 февруари, во којшто наведува дека по недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа донела одлука да поднесе неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси.

 

Оставката на Ристовска следува откако некои медиуми минатата недела објавија дека ДКСК отворила два предмети против неа, поврзани со непријавување на фирмите на нејзините деца во анкетниот лист и потенцијален судир на интереси.

По констатирањето на оставките треба да биде свикана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да распише огласи за избор на нов претседател на РКЕ и за нов член на Антикорупциска.