Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собраниска Анкетна комисија ќе утврдува политичка одговорност за Онкологија

/

пред 1140 дена

Сподели преку :

Дали биле загрозени основните човекови права на пациентите, но и дали  има политичка одговорност за политичките и здравствените функционери, за скандалот на Онкологија, ќе утврдува Анкетна комисија составена од 13 пратеници.Комисијата ќе биде формирана на барање на 20 пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои бараа  за ова итно да се расправа уште на денешната седница, но точката беше ставена на дневен ред како претпоследна.

Собранискиот спикер ги обвини дека од секоја ситуација извлекуваат лична корист.

Најдоцна за еден месец од завршувањето на работата, комисијата ќе треба да поднесе извештај до собранието, а потоа да ја информира и владата, државната Комисија за спречување на корупција и основното Јавно обвинителство.

Во телото ќе членуваат шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.

Далиборка Демјанска