Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Софија со писмо се жали во Брисел, Македонија не е исполнителна

/

пред 410 дена

Сподели преку :

Уставниот суд ќе одлучи околу иницијативата за Протоколот со Бугарија, вели претседателката на државата откако бугарскиот министер за надворешни ја наече Иницијативата најнова провокација.

Бугарскиот министер за надворешни Георг Геогиев пред два дена испрати долго писмо до неговиите колеги, министрите за надворешни на Европската Унија и до високата претставничка за надворешна политика на Унијата Каја Калас.

Во писмото тој силно ја критикува политиката на македонската влада кон Бугарија дека не ги исполнува обврските кои ги презела кон Унијата.

Во писмото, Георгиев оценува дека земјата води политика на конфронтација, а како најнова провокација ја оценува иницијативата што е поднесена до Уставниот суд за Протоколот со Бугарија од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија.

Свесни сме дека предизвикот е координиран со раководството на ДПМНЕ и дека очекуваниот исход е споменатиот Протокол да послужи како уште еден изговор во поширокиот контекст на политиката на Скопје да избегне спроведување на она за што сите се согласивме, се вели во писмото.

На страна од политичките префрлања Скопје – Софија, во Копенхаген вчера попладне, еврокомесарката Марта Кос не ја ни спомна Македонија во воведниот дел на прес-конференцијата, по неформалниот министерски состанок на кој се разговараше за проширувањето.

Ги оцени Црна Гора и Албанија како најнапреди кандидати за членство. За Македонија одговори на прашање на италијански новинар.

Треба да решиме некои билатерални прашања и се надевам дека веднаш штом владата на С. Македонија ќе го измени Уставот ќе може да продолжи понатаму, рече кос.

Назад во Скопје. Се чини дека најновата Резолуција со која би се дефинирале црвените линии во однос на македонските евроинтеграции која ја најави СДСМ, е осудена на пропаст. Премиерот веќе кажа дека прво сака да го види предлогот, а потоа ВМРО-ДПМНЕ да даде свој придонес. Сиљановска вели дека нема потреба од Резолуција.

Сиљановска ги повика партиите и од власта и од опозицијата да договорат заеднички став со кој ќе настапуваат надвор, откако претходно го критикуваше и објаснувањето што го даде СДСМ за носењето на Резолуцијата чиј текст треба да биде овјавен неделава.

Марија Дивитарова