Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево и исклучително студено време – Временска прогноза за 27.11.2023

/

пред 1046 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено, особено наутро. Попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец кој од попладне ќе биде претежно јужен.

Во Скопје сончево и многу студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -13 до -4°C, а максималната од -1 до 8°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-10 Попова Шапка, -7 Маврови Анови, -6 Крушево, -4 Охрид, -3 Претор, Берово, Прилеп, -2 Крива Паланка, Дебар, -1 Битола, Виница, 0 Скопје-Зајчев Рид,  Дојран Тетово, Струмица, Велес, Кавадарци, Штип, 1 Скопје-Петровец, 3 Демир Капија, 4 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

20 Дебар, Ѓуриште, 17 Крушево, 14 Битола, Крива Паланка, 12 Берово, Охрид, 10 Прилеп, 5 Куманово, Штип, 2 Претор.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

41 Дебар, 40 Маврови Анови, 27 Битола, 23 Демир Капија, 21 Претор, 20 Охрид, Струмица, 19 Берово, 18 Крушево, Кавадарци, 15 Скопје – Зајчев Рид, 14 Ѓуриште, 13 Прилеп, 12 Куманово, Попова Шапка, 10 Велес, 9 Штип, Гевгелија, 7 Виница, 5 Охрид, Дојран.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 10.5, Дојранско Езеро 13.8

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/