Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево и многу топло со попладневна локална нестабилност – Временска прогноза за 19.8.2023

/

пред 1146 дена

Сподели преку :

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови особено во западните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 24°C, а максимумот од 32 до 39°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

12 Лазарополе, Берово, 14 Маврови Анови, 15 Попова Шапка, 16 Крива Паланка, 17 Тетово, Охрид, Претор, Битола, 18 Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Крушево, Дебар, 19 Штип, 20 Демир Капија, Виница, Куманово, 21 Кавадарци, 22 Велес, Дојран, Гевгелија.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 21.0, Дојранско Езеро 25.5

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/