Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево и потопло – Временска прогноза за 21.5.2022

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Првата половина од викендот ни носи стабилно, сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. И утре со висока вредност на ултравиолетово зрачење, 8. Дневната температура повторно во пораст и ќе се движи од 26 до 33°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Берово, 1 Лазарополе, 2 Маврови Анови, 3 Битола, 4 Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, Крива Паланка, Претор, Попова Шапка, 6 Охрид, Прилеп, Демир Капија, Дебар, 7 Штип, Гевгелија, Крушево, 8 Дојран, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 15.0, Дојранско Езеро 21.0

Агропрогноза:

Топлото време изминатата седмица, на некои места и со натпросечни температури, беа одличен предуслов за изведување на земјоделски работи на отворено, како што се меѓуредовата обработка, различните средувања кај градинарските култури на отворено, расадување на тутун во централниот и јужниот дел од Македонија.
Заради малиот број на врнежи и високите дневни температури, житните култури заостануваат во својот развој, а ваквата состојба ќе влијае и врз приносот на културите. Метеоролошките услови во наредниот период ќе влијаат и на развој на болести, штетници и плевели.
Затоа се препорачува заштита на земјоделските култури кога временските услови тоа ќе го дозволат.
Температурата на почвата на 5cm во наредниот период се очекува да се движи од 19 до 28˚C.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/