Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа нестабилно – Временска прогноза за 2.6.2023

/

пред 1225 дена

Сподели преку :

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15°C, а максималната од 23 до 29°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

7 Попова Шапка, 8 Лазарополе, 9 Крушево, Берово, 10 Прилеп, Претор, Маврови Анови, 12 Скопје-Петровец Охрид, Крива Паланка, Демир Капија, Виница, 13 Битола, Штип, Тетово, Гевгелија, Дојран 14 Струмица, 15 Скопје-Зајчев Рид.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

24 Охрид, 15 Крива Паланка, 13 Берово, Крушево, 10 Тетово, Претор, 9 Попова Шапка, 7 Прилеп, 6 Дојран, 3 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, 1 Лазарополе, Демир Капија, Струмица, Гевгелија.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/