Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево и ветровито – Временска прогноза за 9.7.2023

/

пред 1187 дена

Сподели преку :

Претежно сончево со умерен, а долж Повардарието и во источните делови со повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кој од пладневните часови ќе засилува.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 20°C, а максималната од 25 до 33°C. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 9.
Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

8 Лазарополе, 9 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, 12 Берово, 13 Крива Паланка, Крушево, Битола, Охрид, Прилеп, 14 Претор, Дебар, Тетово, Виница, 16 Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, Велес, Демир Капија, 17 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, 20 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

22 Маврови Анови, 13 Прилеп, 6 Тополчани, 5 Куманово, Попова Шапка, 4 Кавадарци, 3 Тетово, Демир Капија, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, Пожаране, Пожар, Ѓуриште, 1 Виница.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]