Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!











