Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со умерена локална облачност и ветровито – Временска прогноза за 21.6.2025

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Во сабота календарски започнува летото, наутро во 04:42. Овој ден носи сончево и малку посвежо време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 18°C, а максимумот од 25 до 33°C.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

13 Тетово, 5 Скопје-Зајчев Рид.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 21.5, Преспанско Езеро 18.0, Дојранско Езеро 25.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/