Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СОНК на нова средба со МОН и МТСП – Шаќири вели дека ќе направат напори да се постигне договор

/

пред 1601 дена

Сподели преку :

За попладне се закажани двете одвоени стредби на СОНК со министерството за труд, и со министерството за образование. Со медијаторот ќе продолжат преговорите за повисоки плати на просветарите, по состаноците минатата седмица, кои завршија без договор, но со приближување на ставовите.

Утре завршуваат вторите десет дена од постапката за помирување меѓу СОНК И МОН. Потоа синдикатот го очекува записникот  од помирувачот, по што ќе следи текст на спогодбата за помирување меѓу двете страни. А, за новите предлози од владата ќе расправа Советот на Синдикатот. Тајмингот за неговата одлука може да ги надмине законски доделените денови за помирување, а до нејзиното донесување штрајкот во воспитно – образовната дејност останува во мирување. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор.