Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сопругата ја удирал со тупаници и со нож се заканувал на мајка му – обвинителството бара насилникот да оди во притвор

/

пред 105 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре поради две кривични дела – Загрозување на сигурноста и Телесна повреда.

На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари.

Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.