Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сопругата признала дека маж и убил 53-годишна жена, а синот во полиција кажал дека има снимки од видео надзор

/

пред 301 дена

Сподели преку :

53-годишник од гостиварско село Неготино убил жена на иста возраст, а полицијата го расчисти убиството со помош на снимки од видео надзор како и признание од страна на сопругата на осомничениот убиец.

Убиената 53-годишна жена е од селото Равен, која од 7 декември не се јавувала на семејството, по што нејзиниот син пријавил дека е исчезната.

(видео)Убиена со пиштол и закопана во дупка, пронајдено тело на жена која претходно била пријавена за исчезната

Синот потоа во полиција пријавил дека има снимки од видео надзор, на кои се гледа дека ноќта меѓу 6 и 7 декември во нивниот дом сега веќе осомничениот убиец пребарувал низ собите.

Полицијата потоа открила дека тој човек е осомничениот 53-годишник со иницијали С.М.

На посоченото место е извршен увид, по што е најдено телото кое по наредба на јавен обвинител е дадено на обдукција.

Б.С.