Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сопругот на Ненси Пелоси утрово бил дивјачки нападнат во домот и заврши во болница

/

пред 1437 дена

Сподели преку :

Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, Пол Пелоси, е „насилно нападнат“ во неговиот дом во Сан Франциско, соопштија од Демократската партија на САД.

„Напаѓачот е во притвор, а во тек е истрага за мотивите за нападот. Господин Пелоси е превезен во болница, каде добива исклучителна медицинска нега и се очекува дека целосно ќе се опорави“, се наведува во соопштението од канцеларијата на канцеларијата на Ненси Пелоси.

Пол Пелоси (82) бил нападнат по провалата што се случила утрово во нивниот заеднички дом во Калифорнија. Во моментот на нападот, Ненси Пелоси не била дома.