Соработката со државните институции и со обвинителството се подобрува во изминатите неколку години, оцени главниот ревизор Максим Ацевски. Државниот завод за ревизија одбележува 25 години од постоењето, а на конференцијата што ја организира присуствуваат главните ревизори од соседството, но и од други европски земји.
Тие разменуваат искуства за тоа како да се подобри комуникацијата меѓу ревизорите и јавноста. Ацевски вели дека извештаите на Државниот завод за ревизија во последните години наидуваат на поголемо внимание – и од Собранието, и од Владата, но и од Обвинителството.











