Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Македонија и Хрватска

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска се одржува Седмиот состанок на Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства помеѓу Македонија и Хрватска.

Состанокот ќе го ко-претседаваат заменик-министерот Зоран Димитровски и државниот секретар Звонко Милас. Комисијата е формирана според Спогодбата од 2007 година за заштита на правата на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство во Македонија, и претставува клучен билатерален механизам за унапредување на малцинските права и европските демократски стандарди.

На дневен ред се состојбата и унапредувањето на правата на малцинствата, со посебен акцент на образованието, културата, информирањето, институционалната поддршка и имплементацијата на препораките од претходните состаноци на Комисијата.

T.Д.