Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Состојбата во британската армија е многу полоша отколку што мислевме, тврди министерот за одбрана

/

пред 821 дена

Сподели преку :

Состојбата на вооружените сили на Велика Британија, поради децениските намалувања, е многу полоша отколку што мислевме, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.

Според него во „овие навистина сериозни времиња со брзо растечки глобални закани“ треба да се избегне вековната тактика на армијата, Кралската морнарица и Кралските воздухопловни сили кои се борат меѓусебно поради ограничените средства за поддршка на проекти.

Мораме да бидеме способни да се бориме, а не да се бориме едни со други. Навистина сакам да видам надминување на старите ривалства, посочи Хили.

Тој додаде дека сите армиски родови се соочуваат со многу сериозни предизвици – „исцрпени сили, губење на набавките, низок морал, криза во регрутирањето и задржувањето, и ветерани кои немаат пристап до услугите што ги заслужуваат“.