Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советниците ја прекроија градската каса – СДСМ и НАИ го поддржаа ребалансот на буџетот на Град Скопје, за Левица е скандалозен

/

пред 336 дена

Сподели преку :

Ќе има пари за капитални инвестиции, прослава за новата година од 70.000 евра, но не и за набавка на нови автобуси, бидејќи нив ќе ги купи Владата. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со измените и дополнувањата ќе се намали дупката во буџетот за над 15 милиони евра.

Опозициската СДСМ го поддржа ребаланост за, како што велат, да се откочи работата на јавните претпијатија, додека пак советничката група на Националната алијанса за интеграција, иако првично поднесе 10 амандмани, сепак, ги повлече и гласаа „за“ и со надеж дека нивните предлози ќе бидат ставени во новиот буџет за наредната година.

За советничката група на Левица, предлогот е скандалозен.

Советниците излагасаа и одлука со која на домаќинствата и фирмите им се забранува да фрлаат отпад од 22 часот навечер до 6 часот изутрина, со цел да не се создаваат мини депонии и поефикасно да се празнат контејнерите. Секој што ќе фрла ѓубре навечер, ќе биде казнет.

На денешниот совет, градоначалникот Ѓорѓиевски посочи и дека јавните претпријатија тонат во долгови, а во наредниот период ќе каже и точна сума. Ова е втора седница на новиот сотав на советот на град Скопје.

Симона Петровска

(Видео) Ребаланс на буџетот за Град Скопје – 70.000 евра за новогодишно украсување и прослава, но не ѝ за нови автобуси кои е предвидено да ги плати владата