Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот ќе ѝ прати на владата четворица кандидати за државен обвинител

/

пред 237 дена

Сподели преку :

Владата ќе има избор од дури четворица кандидати за државен обивнител. Откако членовите на Советот на јавни обвинители во старт го исклучија Владимир Панчевски, со обралзожение дека не ги исполнил законските услови, останатите пријавени добија позитивно мислење – в.д. државната обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристовска и судијата Ненад Савески. Според претседатлеот на Советот, на сите им дале зелено светло, затоа што сите ги исполнувале условите. Негира дека избегнале одговорност и топката ја префрлиле на Владата.

„Сите кандидати се јавни обвинители, а еден е судија со успешно работење и во Јавното обвинителство и во судовите. И не можевме како членови да ги делиме, зашто сите имаат по 25 или 15 години стаж и затоа дадовме позитивно мислење. Не се остава простор за политика, затоа што сите кандидати ги исполнуваат условите“, изјави Башким Бесими, претседател на Советот на јавни обвинители.

Дискусијата на членовите беше дека кандидатите се стручни, квалитететни, поседуваат менанџерските способности, дека не можат да најдат ништо негативно за нив, а читаа дел од нивните биографии.

Лидија Раичевик во 2023 година доби негативно мислење од Советот. Четворица членови од тогашниот состав сè уште се дел од советот, а тројца од нив денеска гласаа спротивно на претходно мислење. Кети Петкова рече дека ќе гласа за негативно мислење поради конзистентност. Светлана Стојковиќ рече дека тогаш сметала дека Коцевски е најдобар кандидат и затоа гласала за негативно мислење за Раичевик.

Членовите на Советот едногласно го дисквалификуваа Панчевски. Оценија дека и покрај тоа што имал вкупен стаж како судија 13 години, функцијата во меѓувреме му престанала и не го исполнува условот за непрекинат стаж од 10 години.

Листата со кандидати ќе биде испратена во владата која треба да утврди конечен предлог кој ќе го испрати до Собранието. Претходниот државен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка истиот ден кога Собранието требаше да одржи седница за негово разрешување и покрај тоа што Советот на јавни обвинители не најде причина за негово разрешување.

Елена Ивановска Мукоска