Избор на вкупно 47 обвинители во 18 јавни обвинителства е на дневeн ред за 20-та седница на Советот на јавните обвинители што ќе се одржи утре во 10:30 часот. Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.
Во Основните јавни обвинителства во Велес, во Делчево, во Кочани, во Крива Паланка, во Радовиш, во Ресен и во Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.
По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, во Гевгелија, во Гостивар, во Кичево и во Струмица.
Во Основните јавни обвинителства во Куманово, во Охрид, во Прилеп и во Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.
За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.











