Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот на општина Гевгелија донесе одлука за воведување зонско паркирање

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

Гевгелија ги утврди цените за паркирање во центарот на градот. За еден час паркинг во најстрогиот центар на Гевгелија ќе се наплаќа 30 денари, додека малку подалечната зона ќе биде 20 денари за еден час.

Советниците ја изгласаа одлуката но, и претходеше двочасовна расправа. За советниците од опозицијата спорно е наплаќањето паркинг на станарите кои веќе имаат станови во центарот на градот а кои досега се паркирале без надоместок.

Тие бараат да се превенираа сообраќајниот хаос со изградбата на нови згради без соодветен паркинг.

Од општинскиот совет за безбедност на сообраќајот велат дека сите студии се правени со претходни консултации со граѓаните како и советувања со општини во земјава каде веќе функционира зонско паркирање.

Зонското паркирање треба да почне со функционирање до крајот на годинава.

Сузана Мицева