Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасен повреден скијач од Чешка на Шапка

/

пред 595 дена

Сподели преку :

Скијач од Чешка вчера попладнето спасен од падините на Шар Планина откако претходно негов пријател исто така од Чешка пријавил дека додека скијале заедно се повредил и дека им е потребна помош.

Од ЦУК информираат дека горската спасителна служба на Попова Шапка брзо ги добила координатите за локацијата на повредениот планинар и со ратрак го извлекле повредениот скијач од повисокиот дел на Шара и го пренеле до центарот Попова Шапка.

Тука веќе го чекало амбулантно возило со кое повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.