Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасени 52 мигранти во близина на грчкиот остров Крит

/

пред 798 дена

Сподели преку :

Крајбрежната служба на Грција спасила 52 бегалци и мигранти кои со гумен чамец пловеле во близина на грчкиот остров Крит и побарале помош.

Спасените, 42 мажи и десет малолетни лица, биле пренесени на пристаништето во градот Ираклио на Крит.

Тројца од групата, на возраст од 16, 18 и 20 години биле идентификувани како криумчари и биле уапсени.

Според она што го кажале спасените, како што соопштија од грчката крајбрежна служба, мигрантите тргнале од либиското крајбрежје кон Грција, при што за превоз платиле по околу 2.000 американски долари.