Симболичкиот карактер на денешната литургија нѐ наведува да заклучиме дека Вселенската патријаршија веќе ја има донесено одлуката МПЦ – ОА да добие автокефален статус, посочи во вечерашното издание на Вин Вин професорот Александар Спасеновски.
Ние сме убедени дека Српската православна црква веќе ја има донесено одлуката, или барем оди кон тоа работата, МПЦ да добие автокефален статус, преку испраќање на известување од страна на СПЦ до Вселенската патријаршија во однос на надминувањето на овој повеќедеценски спор, смета Спасеновски.
За Спасеновски, ова не претставува враќање чекор назад, во смисла на статусот на Македонската православна црква, туку дека ова е дел од еден поголем прокет, чија крајна цел е добивање томос за автокефалност од Вселенската патријаршија.
Одлуки од таков карактер, за враќање во понизок статус, или за откажување од одредени епархии, се носи од страна на инситутуции во рамки на самата црква кои што имаат поголем легитимитет. Ние немаме таков тип на настан организиран од МПЦ, ниту пак имаме на увид какво писмо има МПЦ пратено кога станува збор за враќање на ситуацијата од 1959 година. Сметам дека станува збор за ситуација во која што никој од никого, ниту СПЦ, ниту МПЦ не бараат меѓусебно да се откажат или да прифатат нешто, вели Спасеновски.
За професорот Цане Мојановски, отварањето на овие дебати во македонското општество, сведочи за високото ниво на критичка опсервација во македонската јавност, по однос на црковното прашање.
Очигледно е дека и проценките на црквоните органи е да се практикува милениумското искуство, а тоа вели дека мајката црква која до тогаш го организирала верскиот живот, треба да го извести вселенскито патријарх дека е формирана нова црква, тој пат ние всушност денекса почнавме да го остваруваме. Во говорот можевте да ги идентификувате токму тие процеси кои се најавуваат како дел од вкупно преземените активности за изнаоѓање на ефективно решение по ова прашање, смета професорот Мојановски.
Спасеновски нотира дека односите помеѓу МПЦ и СПЦ поминуваат низ три фази.
Првата е еден формален дијалог и формална желба за надминување на несогласувањата која трае некаде до 2002 година. Од 2002, 2003 до 9 мај 2022 е всушност периодот на отворена конфронтација, и од 9 мај до денес го живееме периодот на конечна разрешница на македонското црковно прашање преку издавање на томос за автокефалност на МПЦ – ОА. Ако ги бараме почетоците кои што доведоа до тоа да го живееме сега третиот период, ние треба да се навратиме во 2017, 2018 година. Во континуитет, СПЦ ги добиваше сигналите за можната разрешница на македонското црковно прашање на начин каков што го видовме последен пат со православната црква во Украина, вели Спасеновски.











