Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасовски за можноста да се кандидира за претседател: Рано е, тоа се партиски работи

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Прашањето за претседателски кандидат на СДСМ на претстојните избори за претседател на државата, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е партиска работа, за кое, вели дека ќе го каже својот став кога ќе дојде моментот за тоа.

Прашан дали ќе се кандидира за претседател, Спасовски, по денешната работната средба со раководствата на СВР Куманово, СВР Тетово и РЦ Север, рече дека тоа „не се теми отворени, ниту пак теми за јавност и тука“.

„Тоа се партиски работи за кои што, кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став“, рече Спасовски.

Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, пред почетокот на вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, рече дека претседателскиот кандидат на СДСМ нема да биде на дневен ред, но нагласи дека претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ.

„Сите политички партии имаат свои амбиции, но претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ, како што беше и на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци и така натаму, и тоа ќе биде претседателот на државата и во следниот мандат“, рече Ковачевски.